Пет прашања за сексот што мажите постојано ги поставуваат

Мажите признаваат дека немаат поим за што размислуваат жените за време на сексот, но сакаат да замислуваат дека ним способноста да ја задоволат жената им е природно вродена. Сепак постојат прашања што се вртат низ главата дури и кај оние најсамоуверените кога станува збор што преферира понежниот пол во постелата, но не се осмелуваат да прашаат.

  1. Дали големината на половиот орган навистина е важна?

Мажите постојано ќе го поставуваат ова прашање без разлика на тоа колку се обидувате да ги убедите дека големината не е важна.

  1. Дали е важно колку време трае односот

Во желбата односот да не трае премногу кратко, мажите понекогаш користат мали трикови па за време на односот размислуваат за нешто сосема трето. Но, тоа може да им се обие од глава па сексот да трае премногу долго. Значи важно е колку време трае сексот, но за жената да биде задоволена во просек доволни се 15 до 20 минути.

  1. Дали предиграта е преценета или поценета?

Поголемиот број жени ја сакаат предиграта. Но, таа не подразбира само бакнување, галење и слично. Како „загревање“ за секс може да се смета и начинот на кој мажот ви зборува, состаноците и времето што го поминувате заедно пред сексот.

Но, понекогаш и брзиот спонтан секс е добар како и страсниот секс со предигра.

  1. Дали жената е незадоволна ако не доживее оргазам?

Би можело да се рече дека жената се чувствува изневерено ако партнерот не и пружи оргазам. Сепак тоа е главен показател дека на мажот му е важна и партнерката. На жените оргазмот им е важен исто како и на мажите, единствено што тие не чувствуваат болка во пределот на интимните органи ако се возбудат, а не го доживеат.

  1. Дали оралниот секс е подобар од обичниот?

Мажите обожаваат кога партнерката ќе ги задоволи орално и за тоа многу повеќе разговараат отколку за обичниот секс. Затоа ги чуди кога жената не сака орален секс.