Период на Биковите: Сè што треба да знаеме за луѓето родени во овој знак

Луѓето родени во знакот Бик се силни луѓе. Тие се стабилни личности со огромна самодоверба. Често делуваат затворени, но ако ја добиете нивната доверба имате пријател за цел живот. 

Биковите се најдобар приказ за растот и развојот во хороскопот. Тоа е така бидејќи тие цврсто стојат на земја, но полека и сигурно се движат кон успехот. На сите Бикови им е потребна хармонија во животот. Тие постојано се трудат да им угодат на другите, но тежнеат кон хармонија која ретко кој ја разбира. Тоа е така бидејќи се знак кој не сака промени, а често знаат да бидат и тврдоглави, па тие сметаат дека хармонијата, сама по себе треба да дојде природно во нивниот живот. 

Често имаат проблем со тоа да најдат баланс во животот, бидејќи сакаат едноставност но не се едноставни личности. За нив е многу важно да развијат независност во животот и да се грижат за себеси без помош од другите, но кога тоа ќе се случи, некако се чувствуваат осамено и оставено.

Биковите мораат да научат како да изградат здрави навики во животот и тоа е еден од нивните најголеми предизвици. 

Тие сакаат физичка активност и спорт, но обожаваат да се релаксираат по долг ден. Највеќе сакаат да минуваат време на места кои им се познати и пријатни, па така тие може да делуваат многу чудно за оние пријатели кои постојано сакаат да менуваат нешто.

Како личности, имаат силни аналитички способности и ги решаваат проблемите стратешки. Често знаат да се замислат и да заборават на тоа што сакаат или мораат  да го направат, па често балансот меѓу работата и опуштањето може да биде голема борба за нив. 

Како родени лидери, тие ја сакаат тимската работа, но немаат големо трпение за површни луѓе. Ако некој се труди да им ја заземе позицијата, настапуваат многу дефанзивно, а инаку не се личности кои лесно би влегле во кавга. Сепак, каде и да се, мора да се во право и тоа е нешто што морате да го знаете за нив.

Тие се мрзеливи, но и креативни и затоа највеќе им одговара партнер кој е сличен интроверт како нив. Највеќе им одговараат Раковите, поради нивната потреба за сериозна и длабока врска. Раковите се емпати кои се трудат да ги разберат другите, па така на Биковите ќе им биде лесно да се поврзат. Најлоша комбинација се со Шкорпиите, бидејќи врската би била како торнадо и за едната и другата страна. 

Во врските, Биковите се многу традиционални и тие не сакаат модерни врски. Сакаат да одат на љубовни состаноци, а штом врската се продлабочи, да гледаат филмови и да готват во својот дом. 

Како пријатели, тие се смирени и лојални личности кои даваат најдобри совети. Најдоброто нешто за нив е тоа што ќе ве почитуваат и ценат и покрај сите маани кои можеби ги имате. За да ја добиете нивната доверба, треба да сте чесни и искрени, ништо повеќе. Тие сакаат да имаат околу себе луѓе на кои можат да се потпрат и повеќе сакаат квалитетни пријателства отколку голема гужва околу себе. 

Кога се лути ќе бидат дистанцирани и лути, сè додека сета нервоза не експлодира во нив. Генерално се рационални личности, но ако многу ги налутите, знаат да создадат и драма каква што не сте виделе.

Кога се тажни, Биковите се изолираат од другите и се насочуваат кон спиење и јадење, и секогаш се однесуваат како жртва во таквите ситуации. Најдобри се во оние ситуации кога им дозволувате да се свои и да одат според својот ритам, а најлоши кога се трудат да ја избегнат одговорноста за тешките ситуации и проблеми. Тие не сакаат да се справуваат со нив, туку ќе ја игнорираат ситуацијата додека не стане предоцна.