Пауло Коелјо: Сите знаат точно како другите треба да го живеат животот, но никој нема идеја што да прави со својот живот.

Пауло Коелјо е омилен писател на новите генерации. Дури и оние кои не ги сакаат неговите книги, ги обожаваат мислите кои тој ги споделува со своите читатели.

Никогаш не ја пропуштајте можноста да им ја покажете љубовта, особено на оние кои се најблиски до вас и кои највеќе го заслужуваат тоа.

Тие живееја како никогаш да нема да умрат и умреа како никогаш да не живееле.

Животот се движи мошне брзо. Се претвора од рај во пекол за само неколку секунди.

Чекањето е болно. Заборавањето е уште поболно. Но, незнаењето што да се направи е најголемо страдање.

Кога сакаме, се трудиме да бидеме подобри отколк што сме. А кога се трудиме да бидеме подобри, се околу нас станува уште подобро.

Сите знаат точно како другите треба да го живеат животот, но никој нема идеја што да прави со својот живот.

Бродот е најбезбеден на пристаниште, но бродовите не се за тоа создадени.

Никогаш не се откажувајте. Запаметете дека секогаш последниот клуч ја отвора вратата.

Ако сте доволно храбри да кажете збогум, животот ќе ве награди со ново здраво.

Храброста не е отсуство на страв, туку сила да се продолжи понатаму и покрај стравот.

Кога сакаме нешто, целиот универзум се здружува за да ни помогне да го оствариме тоа.