Патите од мигрена? Ова се некои работи кои треба да ги знаете

Едно неодамнешно истражување кое е направено во Данска на лица постари од 19 години покажува загрижувачки резултати.

Луѓето кои боледуваат од мигрена имаат два пати поголем ризик од мозочен удар, а кај нив е и значајно зголемен ризикот од срцев удар.

Според ова истражување, особено важно е да се влијае на стилот на живеење. Ако имате проблеми со главоболките треба да го избегнувате алкохолот и пушењето. Главоболките ќе бидат ублажени со сон и мирување, но и опуштање и движење. Исто така, помагаат и темни простории и седење во тишина.

Тоа подразбира и примена на здрава исхрана, често пиење вода, но и редовно вежбање и проветрување на просториите во кои седиме. Според данските експерти, особено корисна е јогата, но и масажата.

Не знаете дали имате мигрена?

1) Дали главоболката во последните 2-3 месеци ги ограничуваше вашите активности за ден или повеќе?

2) Дали чувствувате мачнини додека ве боли главата, или пак повраќате?

3) Ви пречи ли светлината кога имате главоболка?

Доколку позитивно одговорите на 2 од овие 3 прашања, тогаш и вие сте од оној дел од популацијата кој пати од мигрена.