Парондо: Тешко ми е што си одам, ама Скопје секогаш ќе биде во моето срце!

Никој не веруваше дека Роберто Гарсија Парондо ќе може во најтешката година за Вардар да направи чудо, па колективот со големо срце и огромен карактер да го однесе не само на фајнлфор, туку и до европска титула, што се случи пред две недели во Келн.

Парондо како европски првак си заминува од Вардар, црвено-црните веќе го промовираа својот нов кормилар, Хосе Писонеро, кој е другар и со Раул Гонзалез, првиот што донесе европска титула во Скопје, а и со Парондо – творецот на чудото во Келн. Писонеро треба да продолжи таму каде што застанаа двајцата сонародници, а доскорешниот кормилар призна во интервју за СЕХА-лигата дека многу му е тешко што си оди од Македонија, пред сѐ зашто семејството не ни сакало да си оди од Скопје, кое останува во неговото срце

„Жал ми е што ќе си одам. Многу размислував за оваа одлука, но треба да си заминам. Играчите знаат што мислам и како се чувствувам, дека имавме одлучувачка соработка. И сега тоа чувство не сакам да го расипам. Јас сакам само да им се заблагодарам на сите во Вардар и на сите што ме поддржуваа. Минав две прекрасни сезони. Моето семејство не сакаше да си оди, зашто во Скопје им е прекрасно. Многумина ми се заблагодаруваат, ама јас треба да им заблагодарам на сите. Скопје секогаш останува во моето срце“, вели Парондо.

Целото интервју прочитајте го на Спорт1.мк