Паркирањето околу „Зелено пазарче“ нема да поевтини вели Богдановиќ

Цената на паркирањето кај „Зелено пазарче“ нема да се намали, а доколку некој се одлучи да ги крши рампите ќе следуваат и порадикални санкции, најави Саша Богдановиќ, градоначалник на општина Центар. Одговарајќи на новинарско прашање за протестите на пазарџиите кои веќе три дена во утринските часови ја блокираат сообраќајницата „Св. Кирил и Методиј“ тој рече дека целта на мерките е да се воведе ред и првенствено да се заштитат интересите на жителите на околните згради.

-Не сакаме никого да оштетиме туку да воведеме ред. Приоритет ни се граѓаните кои живеат тука. Подготвени сме да најдеме решение доколку постои, но не по цена со закани од блокади и кршење рампи. Ќе следуваат и порадикални санкции доколку некој се одлучи на таков чекор, потенцира Богдановиќ.