Паркирани возила во тревникот во амбулантата во Ченто

Граѓани ни испратија фотографии од амбулантата во скопската населба Ченто, за каде велат дека периодов постојано се паркираат возила во тревникот од оваа поликлиника.

Според граѓаните, во амбулантата периодов засадиле 20 дрвја, но сепак зеленилото е узурпирано од возила. Ваквата слика се случува скоро секој ден, тврдат тие, без реакција од надлежните служби.