Панорамски поглед кон Скопје: Подгответе се за возење и прошетка по крстот

Лифтот на Милениумскиот крст на Водно се очекува да проработи во мај.

Од Јавното сообраќајно претпријатие велат дека во наредниот период треба да биде изведена изолацијата на дел од комплексот, која практично беше една од причините за доцнење на најавениот проект.

Освен возењето со лифтот, дел од турата предвидува и движење на посетителите по краците на крстот, во присуство на едно вработено лице кое ќе ги проследува.

Веќе е формиран и ценовникот за возењето со лифтот кој предвидува билетот за возрасни и за деца над 14-годишна возраст да чини 50 денари, а возењето за децата од 6 до 14 години да изнесува 20 денари.

Лифтот е набавен од Франција и чини околу 300.000 евра. Производ е на фабрика која е во првите три најдобри за ваков тип лифтови. Има капацитет за 10 лица, а возењето ќе трае околу една минута.