Во текот на изминатиот ден „пајак“ службата кренала 91 непрописно паркирано возило во Скопје.
Според информациите од МВР, 15 возачи се казнети затоа што управувале возила со брзина поголема од дозволената, а 18 возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи 12 од нив управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возeле под дејство на алкохол и четворица биле возачи – почетници. Шест возачи вчера се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца неправилно се престроиле, еден возач не дал првенство на минување на пешаци и двајца возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата.