Пад на цените на становите во скопски Аеродром, пораст во Центар

Дека главниот град останува магнет за купувачите на нови станови потврдуваат последните статистички податоци. Од вкупно 210 станови, колку што беше предвидено да се изградат низ цела Македонија, според градежните дозволи издадени во јули, дури 120 се во Скопје со вкупна корисна површина 9.482 квадратни метри.

Четиристотини одобренија за градба се издадени во октомври годинава. Оваа бројка, според податоците на Државниот завод за статистика, бележи раст во однос на октомври лани за 37,5 проценти. Најмногу според издадените одобренија ќе се гради во Скопскиот регион, со издадени 162 одобренија за вкупно 569 станови. Најмногу ќе се гради во Карпош, каде што се издадени 50 одобренија за 250 станови, и во Ѓорче Петров, каде што се издадени 34 одобренија за 172 станови.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.991.579 илјади денари, што е за 41,3 отсто повeќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 245 или 61,3 отсто се наменети за објекти од високоградба, 38 или 9,5 отсто за објекти од нискоградба и 117 или 29,2 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 400 објекти, кај 282 или 70,5 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 118 објекти или 29,5 проценти инвеститори се деловни субјекти.Предвидена е изградба на 929 станови, со вкупна корисна површина од 74.963 квадратни метри.

Според податците на Катастарот, во 2015 година просечната цена на становите во скопската општина Центар била 58.861 денар за квадрат, а во второто тримесечје од годинава просечната цена по која се продавале становите во оваа општина изнесувала 61.255 денари за квадрат.

Од друга страна, во скопската општина Аеродром во 2015 просечната цена за станбен квадрат изнесувала 58.795 денари, а годинава становите во оваа општина се продаваат по просечна цена од 50.132 денари за квадрат.

Намалување на просечната цена во изминативе две години има и во скопската општина Карпош каде што во 2015 година станбениот квадрат во просек чинел 55.045 денари, а сега чини 54.671 денар.

Од другите скопски општини, градежниците се многу заинтересирани за локации во општина Кисела Вода, каде во овој период се градат 14 станови со вкупна површина од 1.279 квадратни метри. Во Скопскиот регион, градежната механизација беше активна и во општините Гази Баба и Илинден. Во нив, во јули беа издадени градежни дозволи за изградба  на по нови 11 стана.

По Скопскиот регион, во јули најмногу станови се градат во Југозападниот регион, во кој се издадени одобренија за градба на 32 станови.И во Полошкиот регион не беше мирно на градежните локации, таму е одобрена изградбата на 19 станови. Во Пелагонискиот и во Источниот регион се градат по 11 станови. Градежните машини имаа помалку работа во Југоисточниот и во Североисточниот регион, каде се издадени одобренија за градба за само по 6 станови, а Вардарскиот регион се градеа само пет стана, сите во Велес.

Од аспект на квадратурата, инвеститорите се првенствено заинтересирани за изградба на двособни станови (55), но не заостануваат и трисобните (41) и четирисобните станови (48). Статистиката евидентира и изградба на 29 еднособни, 17 петособни и 15 шестособни станови. Во изградба се и 5 седмособни станови, по еден во Штип, Кичево, Кривогаштани, Желино и Теарце. Во овој месец не е забележана изградба на ниту еден стан со осум и повеќе соби.

Во Скопје најбројни се двособните станови (26), а по нив се трособните (26) и четирисобните (27). Потоа се еднособните (20), па шестособните (8). Со пет соби се градат само три стана.