Пабло Неруда: Ќе знаеш...

Ќе знаеш дека не те сакам и дека те сакам
затоа што можно е да живееш на два начина,
зборот е само крилото на тишината,
а огнот ја чува студената половина.

Те сакам за да почнам да те сакам,
за повторно да ја започнам бесконечноста
за да не престанам никогаш да те сакам,
затоа и сѐ уште не сум почнал да те сакам.

Те сакам и не те сакам,
како во своите раце да ги држам клучевите на среќата
и несигурната судбина на несреќникот.

Мојата љубов има два животи за да те сака:
Затоа те сакам кога не те сакам
и затоа те сакам и кога те сакам.

Пабло Неруда