Па што ако вашето минато не е совршено?

Па што ако толку работи тргнале наопаку? Па што? Сега барем знаете како не треба. Па што ако не се однесувале со вас онака како што сте сакале? Тоа ве направило посилни. Па што ако родителите не се однесувале со вас онака како што би требало? Тоа ви помогнало да излезете од удобната зона и со поголема одлучност да тргнете напред. 

Па што ако личноста со која сте се венчале не е личноста со која сакате да го поминете остатокот од животот? Дали сте дале сѐ од себе за да успее бракот? Да? И понатаму не оди? Па не е крај на светот!

Направете нов избор во нова насока за нова и посреќна иднина. И верувајте ми, нема да се случи ништо страшно, ништо од она што нашиот мозок си го замислува. На крајот коцките ќе се поклопат, а вие конечно ќе го имате својот мир. А потоа ќе можете да имате сѐ што ќе посакате.

Па што ако сфатите дека во поголемиот дел од времето го правите она што не го сакате? Треба да бидете благодарни што ви се отвориле очите и сте го сфатиле тоа. Значи сте се освестиле! Сега имате можност да промените нешто и секој ден да правите нешто што сакате.

Па што ако вашето минато не е идеално? Нема човек со идеално минато! Тоа ние си го замислуваме, затоа што не ги живееме туѓите животи 24 часа на ден. Отфрлете ги илузиите. И престанете да верувате дека сте жртва на животот и судбината. Вашиот живот е ваша работа.

Не можете да им помогнете на другите ако прво не си помогнете себеси. Прво погрижете се за вашите чувства и движете се кон создавање попозитивна атмосфера за себеси. И од таа позиција ќе можете да им помогнете на другите, особено на оние кои ги сакате.

Што ќе ви е новиот ден, ако постојано ги вртите старите филмови? Што ќе ви е сончевото утро, ако веднаш го затрупувате со облаци од емоционалното ѓубре од минатото? 

Она што било – поминало! Не го носете минатото во вашата сегашност! Простете се од она што било и продолжете понатаму! Чекорете напред! Зарем не ви делува дека минатите години летнаа? Е па и следните ќе летнат така! Затоа искористете ги најдобро што можете. Не чекајте, почнете да живеете!

Овој ден во вашиот живот нека биде обележан со тоа дека конечно сте почнале да мислите малку и на себеси, дека сте почнале да се усреќувате себеси. Внесете радост и ентузијзам во својот ден! 

Ви посакувам денес да заспиете задоволни и горди на себеси! Насмевката да ви игра на усните затоа што сте направиле нешто добро за себеси! Нешто што ве радува и прави среќни. И посакувам со тоа чувство да заспивате секоја вечер.