Овој витамин ќе ги одалечи комарците од вас во текот на целото лето

Веројатно во текот на летото се обидувате на различни начини да се заштитите од комарците. Користите различни средства кои се полни со токсични хемикалии кои можеби помагаат против комарците, но имаат други лоши ефекти на вашата кожа и здравје.

Луѓето со висока концентрација на стероиди или холестерол се почеста мета на комарците. Освен тоа, бремените жени и луѓето со прекумерна тежина исто така почесто се нападнати од комарците.

Иако сите комарци се подеднакво досадни, сепак треба да знаете дека  на овие простори постојат околу 175 видови комарци.

Истражувањата покажуваат дека редовното земање на витаминот Б1 (тиамин) може значително да влијае на подобрување на имунолошкиот систем и борба против стресот, а со самото тоа и е одличен борец против комарците. Тој може да се најде во храната како кељот, брокулите, кроммидот, гравот и семките од сончоглед.

Се смета дека поголемите количини на овој витамин во нашето тело придонесуваат за мирис кој е неподнослив за комарците.

Освен редовното земање на овој витамин, ви препорачуваме да направите домашен спреј против комарци со само две состојки : јаболков оцет и магдонос. Измешајте ги состојките и оставете ја смесата да отстои неколку часа, а потоа ставете во шишенце за спреј.можете да ја користите на целото тело бидејќи не предизвикува негативни ефекти и е одличен борец против комарците. 

cheap nike free run 5.0