Овој јуни ќе биде најромантичен месец во 2020: Доаѓа голема среќа за 3 хороскопски знаци

Јуни е месец кој го означува почетокот на летото а тој ни го носи и помрачувањето на сонцето на 21 јуни и ни носи магична енергија која ќе нè направи задоволни и исполнети со страст.

Јуни е месец на нова љубов, хармонични односи и романтични избори кои ќе влијаат на иднината.

Близнаци – љубов каква што заслужувате

За Близнаците, овој месец претставува почеток на нова љубовна ера. Целосно подготвени сте за нов почеток и нова ера кога конечно ќе ја најдете љубовта која ви одговара. Јуни е месец во кој ќе ја сфатите својата вистинска вредност и ќе ја вратите својата самодоверба. Ретоградната Венера ја активира вашата куќа на убавината и задоволството, па така ќе бидете водени од ветерот на љубовта.

Време е да им посветите внимание на луѓето кои тоа го заслужуваат. Сепак, имајте на ум дека секоја љубов почнува прво од љубовта кон себеси. По помрачувањето на Месечината во знакот Стрелец, полека ќе почнете да ги сфаќате своите квалитети и да бидете подготвени за нова љубов.

Вага – страствена енерија и моќни емоции

Вашата владетелка Венера ве насочува кон љубовта во текот на јуни. Ќе сакате да ги проширите сите лични хоризонти и да го истражите непознатто. Јуни ви носи многу можности, но и јаснотија и убави перспективи. Фокусирајте се на личната радост и задоволство, особено кога е во прашање љубовниот живот. 

Кога Марс влегува во знакот Овен на 27 јуни, ќе почувствувате силна еротска енергија и виталност во секторот на емоционалните односи.

Водолија  - блескате со својата харизма

Убавата Венера ве насочува низ вашата експресивна куќа на љубовта, креативноста, автентичноста и страста и ви дава дополнителна доверба во љубовта. Помрачувањето на Месечината во знакот Стрелец носи силен напредок во вашата 11та куќа на пријателства и односи. Доаѓа силна енергија. Можни се мали предизвици, но доаѓа и силна привлечност со личност од кругот на блиските пријатели. Дозволете да се случи љубовта.