Овој хороскопски знак е роден победник: Лесно се заљубуваат, никогаш не се откажуваат и полни се со позитивна енергија

Луѓето кои се родени во овој знак делуваат моќно и агресивно, но под својата површина тие се нежни и емотивни.

Да се биде роден во знакот Овен, значи да се биде роден победник.

Таквата енергија доаѓа од Марс, кој владее со Овните. Тие сакаат да се први во сè што прават. Меѓутоа, немаат натпреварувачки дух и љубов само кон победите, туку и љубов кон животот. Нивната енергија означува импулс, почеток на животот. 

Иако им е потребно повеќе време, на Овните им е лесно да признаат пораз и да пружат рака кон подобрите од нив. Сакаат да победуваат, но само кога тоа е фер. Најдобрите спортисти, војници и освојувачи се родени во овој знак. 

Мажите родени во овој знак се карактеризираат со силна енергија, машкост, желба за авантура и борба. Тие се многу лојални личности. Жените пак на прв поглед се вистински амазонки, но под својата површина се прекрасни, нежни и многу емотивни. Тие се одлични мајки, приврзани кон домот и децата, но и кон своите родители. Но, тоа не ги спречува да имаат успешна кариера, така што се остваруваат низ животот на секое поле.

Нивното мото е: Роди се како Овен и создавај живот.