Овие жени најтешко наоѓаат љубов

Доколку подолго време немате многу среќа во љубовта, мораме да ве разочараме – проблемот веројатно лежи во самите вас.

Ова се 5 жени кои најтешко наоѓаат љубов во својот живот.

Секс машина

Овие жени секогаш сакаат секс, секс и само секс. Саманта од серијата „Сексот и градот“ е прва асоцијација за ваква жена, бидејќи таа го практикува сексот за забава и бега што подалеку од врските. Ликот на Саманта е драстичен и измислен лик, но во реалноста постојат многу жени кои бегаат од емоциите. Генерално, тие се привлечени од мажи кои се слични на нив и  од кои добиваат тоа што го сакаат. Меѓутоа, порано или подоцна тие посакуваат вистинска врска, но дали ќе успеат да ја најдат, тоа е големо прашање.

Сродна душа

Оваа жена е идеалист и во секој маж гледа можност тој да е вистинскиот за неа. Таа е оспседната да го најде по секоја цена, а по секоја пропадната врска, таа мисли дека можеби ја изгубила можноста некогаш вистински да биде среќна. Со своето однесување, таа ги плаши мажите, бидејќи се однесува како да сака брак и деца, дури и само по неколку недели.

Мама

Таа не сака да биде само девојка за оној кој го сака, туку и водич, психолог и мајка. Таа сака да ог промени, подобри и секогаш ги гледа мажите како проект. Се вложува во врските, како емоционално и финансиски. Се грижи за нив како таа да ги родила. Но, ваквите жени често знаат да бидат многу напорни, како и секоја мајка.

Шкорпија

Опасна е како и самата шкорпија. Оваа жена е вистински манипулатор. Освен што сака да ги има сите нешта под контрола, подготвена е тој скапо да плати за се што ќе и направи. Секогаш е подготвена дека може да ја разочараат и затоа води сметка како ќе се одмази. Кога ќе ја остават се теши со тоа дека сите нејзини сомнежи се потврдени.

Госпоѓица Совршена

Таа умее сите да ги освои со својот совршен изглед, работа, став и живот. Но, таа има превисоки стандарди и никогаш не е опуштена. Студена е и професионална и така се однесува постојано. Тешко и е да најде партнер кој би ги задоволил сите нејзини стандарди.