Овие четири типа на луѓе се најпривлечни за комарците

За комарците некои луѓе се неодоливи, што понекогаш може и сами да забележите. Така во групата луѓе, едни ќе се жалат од нив, а други нема да гизабележат комарците.

Бремените жени

Комарците ги привлекува јаглеродниот диоксид кој луѓето го произведуваат додека дишат. Бремените жени произведуваат повеќе јаглерод диоксид, што значи дека комарците можат да посветат поголемо внимание на нив.

Оние кои вежбаат

Комарците се особено агресивни, ако почувствуваат некој кој штотуку тренира или се занимава со друга физичка активност. Ги привлекуваат млечните киселини, кои тогаш значително се произведуваат во мускулите.

Оние кои пијат алкохол

Експертите утврдиле дека комарците ги привлекуваат луѓе кои пијат алкохолни пијалоци, бидејќи алкохолот ја зголемува температурата на телото, а тие го сакаат тоа.

Луѓето со нулта крвна група

Веројатноста комарецот да касне човек со нулта крвна група е 87%, а најмалку привлекуваат луѓеро со крвна група А.