Оваа вежба троши многу повеќе калории отколку трчањето

Знаеме дека сите бараат нови начини за да го заштитат своето здравје, особено ако тоа вклучува и губење некој килограм. Затоа денес ви презентираме нешто ново: „Ретро-трчање“, дисциплина која добива се повеќе следбеници низ светот.

За што се работи?

Ништо повеќе од трчање наназад. Ова е многу ефективен и интензивен метод на трчање. Го намалува ризикот од повреди на грбот и нозете и помага за затегнување и зацврстување на долниот дел од телото.

Зошто е толку добро за губење килограми?

Бидејќи се работи за кардиоваскуларна вежба, не само што троши многу калории, туку и се работи за целосно вежбање, бидејќи се активираат повеќе мускулни групи. Само да ви дадеме еден пример: 100 чекори наназад се еднакви на 1000 чекори нормално одење и еден круг трчање наназад е еднакво на 6 кругови нормално трчање.

Ова се некои од поволностите од трчањето наназад:

Ги тонира нозете и мускулите.
Спречува повреди на колената.
Развива перипетален вид и баланс
Добро е за мозкот
Го подобрува држењето на телото
Ги затегнува стомачните мускули.

Генерални препораки

Ако веќе го испробувате ова трчање одете на патека која добро ја познавате.
Ако планирате да трчате на асфалт, најдобро е да го правите тоа по патека која има визуелни знаци.
Ако не сакате да го правите ова на отворено, обидете се на вашата трака за трчање.