Оваа недела во Скопје-меѓународен саем за образование и странски јазици

Конечно, светските едукативни програми достапни за младите во Македонија благодарение на првата македонска специјализирана агенција за организација на едукативни патувања во странство  - Едутравел. Имено, преку Едутравел младите и нивните родители на сигурен и професионален начин доаѓаат до летни курсеви за странски јазици за млади, курсеви за странски јазици за возрасни преку целата година во странство, школување во странство, студирање во странство и мастер студии. За таа цел, како и одблизу запознавање со претставниците на школите од странство, Едутравел го организира првиот Меѓународен саем за образование и странски јазици во Скопје.


Саемот ќе се одржи во недела (22.01) во Музејот на македонската борба за државност и самостојност со почеток во 16.30 часот , а на настанот ќе бидат презентирани сите програми достапни преку Едутравел, директно од носителите на интернационалните програми.

“На саемот ќе ги презентираме програмите на КУБ од Белград чии застапници во Македонија сме ние, а опфаќаат програми за образование и странски јазици во целиот свет. Саемот ќе биде информативен, а учесници се претставници од училишта од Велика Британија, Австрија, Швајцарија и Бугарија кои пред присутните детално ќе ги промовираат своите програми достапни за младите од Македонија. Ги повикуваме сите родители и ученици кои се заинтересирани да посетат курсеви за странски јазици или да студираат во странство, да ја искористат оваа можност да се информираат детално за сите програми”, вели Марија Цветковиќ, директор на Едутравел.

Програмите за летни јазични курсеви во странство се носечка услуга на оваа компанија, а опфаќаат курсеви за јазици за деца од 7 до 25 години кои се организираат за време на летниот распуст во целиот свет. Курсевите се реализираат индивидуално или со придружба во зависност од потребата и возраста на лицата кои ќе го изучуваат јазикот. Во склоп на курсевите се реализираат и многу воннаставни активности како спорт, филм, драма, посети на културни знаменитости и туристички места. Ова не само што придонесува за образованието на младите, туку и за нивната отвореност кон нови искуства и култури.
 
Првиот саем од ваков вид во земјата го носи името КУБ ЕДУКО 2017 и според најавите на организаторите од Македонија и Србија овој саем ќе стане традиционален и секоја година ќе го зголемува бројот на учесници од странство кои директно пред заинтересираните ќе ги презентираат своите програми. Едутравел овој саем го организира заедно со КУБ од Белград, компанија која повеќе од 25 години успешно посредува во организација на образовни програми во земји од Европа и САД.