Оваа навика најверојатно е причината поради која на луѓето им одите на нерви!

Луѓето кои се сметаат за шармантни и допадливи имаат неверојатен талент за разговор. Нивната тајна не е поврзана толку со тоа што го прават отколку со тоа што не го прават. Најшармантните луѓе го избегнуваат најбрзиот и најопасниот убиец на разговори: прекинувањето.

Кога ќе прекинете да ги прекинувате луѓето, ќе забележите дека животот ќе ви стане многу подобар и полесен. Дневните разговори ќе ви бидат поинтересни, преговарањето ќе ви биде полесно и вашите контакти постојано ќе се зголемуваат.

Еве зошто прекинувањето е толку отровно и погубно за вас и како да се ослободите од таа ужасна навика.

Прави луѓето да се чувствуваат дефанзивно

Кога прекинувате некого, во суштина им давате до знаење дека вашиот глас е поважен од нивниот. И нормално, тие се чувствуваат дефанзивно и или ќе ви го возвратат ударот или ќе станат молчеливи. Во секој случај, губите.

Човек не сфаќа колку прекинува во секојдневните разговори. Прекинувањата ги прават разговорите невозможни, бидејќи другата личност се бори за да го искаже своето мислење или крева раце затоа што напорно му е да се тепа за каже нешто.

Го нарушува текот на разговорот

Ако разговорот е како танцување, прекинувањето е како да газите на нозете на партнерот. Го нарушува ритамот и тешко е да се повратите.

Шармантните луѓе избегнуваат да го прекинуваат ритамот со тоа што не зборуваат кога другиот зборува, не поставуваат прашања кои немаат врска со темата на муабет и дефинитивно не им ги завршуваат речениците на соговорниците. Тие му оставаат простор на другиот за да се искаже и им даваат поддршка со тоа што активно слушаат и искрено се интересираат.

Создава небезбедна околина

Кога зборувате помалку, а слушате повеќе, тогаш создавате безбедно место за другите да споделат нешто. Тие ќе ви веруваат, бидејќи нема закана дека ќе бидат прекинувани. Луѓето ќе ги споделуваа своите идеи, чувства и мисли, затоа што сте докажале дека сте доволно трпеливи за да слушате.

Трпеливото слушање создава премолчена врска на доверба помеѓу вас и другата личност и двајцата ќе добиете нешто од тоа.

Прекинувањето прави  другите да ве прекинуваат

Тоа е златно правило во разговарањето. Ако престанете да ги прекинувате другите и тие ќе престанат да ве прекинуваат вас.

Кога зборувате, сакате луѓето да ве чујат. Ако не ве прекинат, вие нема да се чувствувате дека не сте се искажале и нема да ја прекинете другата личност. Нема да се чувствувате нетрпеливо и нервозно.

Како да престанете?

Прво, обрнете внимание кога ќе почувствувате потреба да влетате некому во збор. Второ, гризнете си го јазикот кога ќе почувствувате таква потреба. Звучи смешно, ама функционира.

Ако ви е потребна мотивација, земете ја предвид мислата на Дејл Керниџ од книгата „Како да ги и да влијаете на нив“:

„Ао сакате да знаете како да направите луѓето да ве избегнуваат, да ви се смејат позади грб или дур и да не можат органски да ве поднесат, еве го рецептот: Никогаш не ги слушајте другите. Постојано зборете само за себе. Ако имате некоја идеја додека некој друг зборува, не го оставајте да се доискаже, одма влетајте му во збор насред реченица.“

Живееме во свет полн со прекинувања. Ако не сте едно од нив, тоа ќе направи да се истакнете и да бидете поинакви од другите.

Можеби звучи контрадикторно, но е вистинито: Со помалку зборување, а повеќе слушање, ќе им оставите голем впечаток на луѓето и ќе уживате во поволностите кои ги имаат шармантните луѓе.

Избегнувајте го прекинувањето на луѓе и ќе видите дека целиот социјален живот ќе ви тргне на подобро, а со тоа и останатиот дел од вашиот живот.