Оваа храна ќе ви даде енергија за Скопскиот маратон

Се надевате на одличен резултат на Скопскиот маратон? Конзумирајте намирници кои ќе ви дадат енергија и ќе ви помогнат подобро да истрчате.

Банани

Банатите се богати со природен шеќер, што се претвора во енергија во вашето тело. Тие исто така содржат и калиум – минерал кој го одржува нивото на крвниот притисок и ја подобрува циркулацијата.

Малини, капини, рибизли

Овие ситни овошја ќе ви дадат супер енергија. Тие содржат витамин Ц кој му помага на телото да ја одржи брзината, но и антиоксиданти и калиум, кои ќе им овозможат на мускулите да се опорават од трчањето.

Чиа пудинг

Според историјата, Тарахамура луѓето кои живееле во северозападниот дел на Мексико се познати по нивните способности за долго трчање. Тарахамура значи „оние што трчаат брзо“. Нивната тајна за брзо трчање се крие во искаите пијалокот. Тоа е обична вода измешана со чиа семе.

Добри јаглехидрати

Во оваа листа спаѓаат овесните снегулки, јогуртот, слатките компири и мешункастиот зеленчук.

Запаметете да не јадете 45-60 минути пред трчањето, бидејќи тоа ќе ви ја намали енергијата и ќе ве направи побавни. Час и половина пред  маратонот, можете да каснете 1 банана со путер од кикирики или пак јогурт со ивесни снегулки.

Храна по маратонот

По трчањето, храната која ќе ви помогне да се опоравите од трчањето треба да се состои од следното:

 - чоколадно млеко

 - банана и путер од кикирики

 - тост со јајце и авокадо

 - овесни снегулки со чиа и банана

 Ви посакуваме среќа!