Ова се наjопасните места за сообраќајки во Скопје

Од почетокот на годината па се до денес во 25 сообраќајни незгоди загинале 27 лица на улиците, сметано само на потеното градско подрачје во Скопје. На градската периферија и приградските населени емста ситуацијата дополнително се пресметува. Во споредба со 2016 година оваа бројка е намалена за 27 проценти, велат статистиките на Министерството за внатрешни работи.

Сообраќајната статистика покажува дека најчеста причина за сообраќајни незгоди се неприлагодената брзина, недржење страна и правец и непочитување на правилата за првенство на минување.

Булеварите „Борис Трајковски", „Кочо Рацин" и „Партизански одреди" се најкритични места во урбаните средини, додека населбата Арачиново е најкритична рурална средина во која најчесто се случуваат сообраќајни незгоди.