Ова е најдобрата терапија за животните проблеми...

Најдобрата терапија за многу животни проблеми е да се тргнете од луѓето кои ги создаваат. Без оглед на тоа дали е крупна работа или ситница, на овие луѓе им е сеедно, тие во сѐ гледаат големи проблеми. Не само што го гледаат, туку и на вас сакаат да ви го пренесат тоа. Што и да кажете или направите, тие нема да ве слушнат, ниту да ве забележат, затоа што толку многу се фокусираат на проблемот, што не се способни да зборуваат за нешто друго. 

Најдобрата терапија за многу животни проблем е да се тргнете од луѓе кои од сѐ прават некаков проблем. Зошто едноставно кога може комплицирано? Зошто по пократкиот пат кога може по подолгиот? Зошто да не се замараш кога може да се замараш? Дури понекогаш човек да помисли дека потсвесно уживаат во она што не е нормално и како тоа да им е секојдневна храна за душата која ја трујат со нивниот негативен ум. 

Не ви требаат такви луѓе, не ви требаат драми во животот кога и онака животот е полн со драми. После секоја негативна мисла ви е потребен одмор и треба да се фрлите во светот на позитивни мисли и да го исцелите она што тргнало наопаку. Ако и натаму продолжите да го храните вашиот ум со тој отров, сѐ потешко ќе ви биде да се вратите во светот во кој среќата и успехот се нормална состојба. 

Бидете храбри и тргнете сѐ од она што ве повредува. Останете сосредоточени на своите соништа и ќе пронајдете многу начини како да стигнете до нив, без да барате изговори за тоа зошто е тоа невозможна мисија. Имајте свој светоглед кој не е оптоварен со прогнози од самопрогласени експерти и песимисти кои го изгубиле својот компас. Кога ќе научите да се тргнете од сѐ што не вреди, ќе видите дека на крајот ќе остане она што ви треба и она што го заслужувате и сакате.