Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром ќе добие лифт со што ќе се овозможи и ќе се олесни движењето на лицата со физичка попреченост во самиот објект.
Изградбата на лифтот почна деновиве и се очекува да биде завршена пред почетокот на новата учебна година.
Лифтот е донација од Американската амбасада, а неговата вредност изнесува околу 57 илјади долари.
Изградба на вакви лифтови е предвидена и во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“.