Вчера во Кинотеката на Македонија се отвори ретроспективната програма на Меѓународниот филмски фестивал Киненова Скопје со проекцијата на шпанскиот дебитанстки филм „Летo 1993“ ( Summer 1993 ) на Карла Симон.

Во рамки на програмата се прикажуваат четири дебитантски долгометражни филмови од Шпанија, Америка, Коста Рика и Холандија.

Инаку филмовите беа дел од меѓународната селекција за награди на Киненова на изданието во 2017 година. Оваа програма фестивалот во соработка со Кинотеката ја прават како уште една можност за гледачите кои не успеале да ги погледнат овие филмови за време не премиерните прикажувања или кои сакаат да ги погледнат повторно .

Вечерва е проекцијата на филмот „Колумбус“ ( Columbus ) на Когонада, Америка, , а потоа по пауза од неколку дена програмата продолжува на 18.02 ( недела ) со филмот „Звукот на нештата“ ( The sound of things ) на Ариел Ескаланте од Коста Рика и се заокружува со филмот „Квалитетно време“ ( Quality time ) на холадскиот режисер Дан Бакер.

Овој настан е поддржан и од Амбасадата на кралството Шпанија во Македонија и од Амбасадата на Холандија во Македонија.