Секоја продавница има добро разработен систем чија единствена цел е да се трошат што е можно повеќе прозиводи. За да го постигнат тоа, маркетите се служат со разновидни трикови.

Ова се неколкуте трикови на супер-маркетите за да потрошите повеќе:

Сите оние шарени чипсови, слатки, бонбони и гуми за џвакање се близу до касата затоа што сопствениците на маркетот знаат дека „им паѓаат во очи“ на купувачите додека тие чекаат ред да платат. Секој барем еднаш така купил некоја ситница која не ја планирал.

Купоните со прозиводи кои се „ на акција“ не се измислени за да се штедат парите , туку купувачите да  купат производ кој всушност не им треба само затоа што е на намалување. Секогаш треба двапати да се провери реалната цена на производот, бидејќи честопати се случува акциската цена во целост да е иста како и регуларнат5а или пак попустот е незначителен.

Се смета дека луѓето најверојатно го купуваат она што прво ќе им падне во око - тоа е причина зошто најскапите производи се наместени во висината на очите, а нивните поевтини варијатни се под или над овие производи. Детските играчки честопати се спуштени пониско од видео-кругот на возрасните токму затоа за да можат децата да ги забележат, а потоа да инсистираат родителите да им ги купат.

Цената завршува на – 99.Истражувањата покажале дека потсвеста на луѓето испраќа прв впечаток на пониска цена кога износот е една стотка помалку и ако не ја пишува валутата.

Млекото и млечните производи се меѓу најбараните производи, токму затоа се поставени најдалеку. Продавачите сфатиле дека ако дојдете веднаш до нив, продавницата ќе ја напуштите за мошне кратко време. На овој начин вие ќе поминете повеќе рафтов и секако, ќе земете и по нешто што не сте планирале.

Колку редовите се подолги, тоа се поголеми шансите дека ќе купите нешто што не сте планирале, а се наоѓа во близина на касата. Посебно ако со вас имате и деца.