Oстанете верни на себеси...

Драги луѓе, 

Ви посакувам да останете верни на себеси. На своите желби, соништа и копнежи. Верни на својот и само својот единствен животен пат. Без оглед на тоа што мислат другите за тоа, без оглед на тоа како ве воспитувале и во каква околина живеете... Останете свои. 

Или... едноставно опуштете се и станете свои. 

Бидете оригинални. Слушајте се себеси. Водете се според сопствениот глас, слушајте ја својата интуиција. И не се откажувајте. 

Не дозволувајте да ве повлечат надолу. Создадени сме да бидеме уникатни. Секој за себе. Ако сите бевме исти, тогаш сите би живееле на ист начин, а тука нема промени и напредок. И затоа на светот му се потребни луѓе како вас. Баш како секој еден од вас. Треба да го изразите вашиот целосен потенцијал и да живеете со отворено срце. 

Бидете храбри. Оставете трага. Бидете горди на себеси и на секој следен чекор. 

На тој ваш пат, на некои луѓе ќе им се допаднете, на некои не. И тоа нека не ви пречи. Затоа што ќе им се допаднете на овие кои и самите среќно одат по својот пат. А кога ќе го спознаете тоа, ќе ви биде драго што не им се допаѓате на сите. Тоа се оние кои живеат лажни и површни животи.

И затоа верувајте во себе и знајте дека не сте родени да бидете нечија копија. Родени сте да бидете ѕвезда. Ѕвезда во својот живот. Овој живот ви е даден за да го живеете на свој начин, најдобро што знаете и умеете. Да ги исполните своите соништа. А не да задоволувате туѓи соништа. 

И можеби не можете да го промените целиот свет. Но, можете да го промените својот свет. 

А кога ќе живеете на тој начин, сигурно ќе го осветлите и светот околу себе.