Останете дома, создавајте убави спомени со своето семејство

Времето е тешко, стресот е голем, но тоа не значи дека треба да се пренесе и на најмладите. За голем дел од нив, сето ова е навистина ново, но веројатно тие уживаат во тоа што нивните родители се дома.

Затоа, ако претходно велевте дека сте премногу зафатени и дека ретко наоѓате време за нив, сега е вистинско време да им се посветите.

Каква приказна ќе раскажете кога сето ова ќе заврши? На што ќе се сеќавате?

Останете дома, но креирајте убави спомени. Гледајте серии, интересни филмови, бидете весели покрај своите деца кои не знаат што се случува. Цртајте, градете, играјте игри. Забавувајте се и смејте се. Направете пита, палачинки и убави колачиња. 

Излезете на терасата и прашајте ги соседите како се. Гответе со своите блиски. 

Пишете им на пријателите од средно, јавете им се на своите роднини. Бидете благодарни за тоа што го имате. 

Отворете ги своите умови и своите срца и не дозволувајте паниката да надвладее. 

Најважно од сè, останете дома и создавајте убави спомени. Фотографирајте и снимајте. Еден ден ќе се навраќате на тоа, нека бидат тоа интересни спомени.