Ошо: Ќе ти се случи нешто единствено и прекрасно!

Духовната димензија е слична на небото: не постои никаква трага која можеш да ја следиш.

Птицата лета, но не остава трага.

Небото останува празно, не постои никаква трага. Небото не наликува на Земјата.

Ако на Земјата минуваат многу луѓе, тие оставаат траги кои можеш да ги следиш.

Духовната димензија е димензија на небото, затоа што таа е нематеријална и нема никаква трага позади неа.

Погледни во нечиј лет, сјај, блесок, убавина, уживај во тоа, сфати. Но, не настојувај да го следиш тоа, не биди слеп.

Не се потпирај на ритуали. Ритуалите не се религија.

Ти си единствен – запомни го тоа.

И баш затоа ќе ти се случи нешто единствено и уникатно, нешто што никогаш претходно не се случило и нешто што никогаш повторно нема да се случи.

Не само што твоите отпечатоци се единствени и твојата душа е една и единствена.

Извадок од книгата „Нема вода, нема Месечина“ од Ошо

air max 90 essential sale