Орли, жаби и октоподи во Скопје – нови детски едукативни инсталации

На три локации во Скопје ќе се постават нови детски едукативни инсталации.Станува збор за просторната инсталација "Љубопитни орли" која ќе биде изведена на Средно Водно, потоа "Октоподот Хенк" кој ќе биде поставен во Карпош во паркот "Македонија" и "Жабецот принц" со кој дечињата ќе може да се забавуваат во Градски парк.

За изведување на инсталациите Град Скопје по спроведената постапка за јавна набавка и објавениот Конкурс за избор на идејно решение и реализација на детски едукативни инсталации во парк „Македонија", парк шума „Водно" и Градски парк во Скопје, „Во имагинарниот свет на децата", потпиша договор за негова реализација со

За реализација на овој проект Градот Скопје од буџетот издвои 4.708.200,00 денари со пресметан ДДВ.
Просторната инсталација „ Љубопитните орли" ќе биде поставена на дел од зелената паркова површина на просторот на Средно Водно помеѓу Хотел „Водно" и Жичницата во општина Центар. На композициски план треба да е составена од повеќе делови и тоа: композиција од 4 орли, како и правилна геометриска структура која претставува асоцијација на просторот - налик на трон на кој тие стојат.

- Инсталацијата претставува композиција од волумени изработени од челична ламарина која треба да биде ласерски отсечена во саканата форма. Композицијата да биде составена од рамнини и волумени кои меѓусебно се заварени до заоблен профил за поголема безбедност. Подлогата ќе биде направена од излиен бетон во калапи од посакуваната форма. Бетонот треба да биде избоен со соодветна боја за бетон, отпорна на атмосферски влијанија, информираат од Град Скопје.

Просторна инсталација „Жабецот принц" ќе стане дел од Градски парк на зелената паркова површина на просторот помеѓу Луна паркот и кафулето „Централ парк" во општина Карпош. Просторната инсталација „ Жабецот принц" на композициски план треба да е составена од повеќе делови и тоа: Композиција од жаби (од кои едната е принцот) како и правилна геометриска структура која претставува асоцијација на листови. Инсталацијата претставува композиција од волумени изработени од челична ламарина која ласерски се одсекува и потоа заварува до саканата форма, а потоа електростатски се бојадисува со трајни бои со што се остварува посакуваниот изглед. Подлогата ќе биде направена од излиен бетон во калапи од посакуваната форма. Бетонот треба да биде избоен со соодветна боја за бетон отпорна на атмосферски влијанија.

И третата инсталација „Октоподот Хенк" ќе биде дел од зелената парковска површина на потегот помеѓу Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов" и улицата „Јуриј Гагарин" и улицата „Братфордска" во близина на националниот ресторант Македонска куќа во општина Карпош во паркот Македонија. „Октоподот Хенк" на композициски план треба да е составена од повеќе делови и тоа: Главата на октоподот, како и композиција од негови делови распоредени радијално околу главата. Инсталацијата претставува композиција од волумени изработени од челична ламарина која ласерски се одсекува и потоа заварува до саканата форма, а потоа електростатски се бојадисува со трајни бои со што се остварува посакуваниот изглед. Подлогата е направена од камена бела ризла чија слободна и променлива форма претставува асоцијација на аморфноста на морските бранови од кои излегува телото на октоподот.

Начин на исплаќање за реализација на просторните инсталации ќе се одвива во три фази, и тоа: (во првата фаза) 20 % од вкупните средства предвидени за реализација и тоа за набавка на материјал (челик, челична ламарина, бетон, заштитна ограда, оплата); (втора фаза)20 % од вкупните средства предвидени за реализација и тоа за обработка на материјалот (сечење, стругање, подготовка за бојадисување) и (трета фаза) 60 % од вкупните средства предвидени за реализација, односно по монтирање на сите елементи на просторните инсталации.

Просторните инсталации во Градски парк се вистинска атрација за дечињата кои обожаваат да играат во нив.