Оригиналната макета на Скопје се спаси од пожарот

Во пожарот во кој до темел изгореа бараките на поранешниот Институт за урбанизам во Скопје, не е уништена оригиналната макета за изградба на Скопје по земјотресот во 1963 година, објави ТВ 21.

Документите кои се постари од 20 години, се предаваат на долготрајно чување во Државниот Архив, но макетата дизајнира од познатиот јапонски архитект Кензо Танге, се наоѓа на рацете на главниот акционер на објектите на институт за урбанизам, Менди Ќира. 

- Бидејќи пред неколку месеци имавме грабеж во овие бараки, за среќа, макетата на Градот Скопје која е направена по земјотресот во 1963 година, ја отстранивме од таму - изјави Ќира, додавајќи дека ќе ја задржи, сè додека не му дадат компензација.