Оргинален рецепт за лесковачка плескавица

Скоро сите го препознаваат мирисот и вкусот на добрата лесковачка плескавица. Ова е една од нив која мора да ја пробате.

Состојки:

мала лажица црн пипер

малку сол

700 грама свинско мелено

2 лути пиперчиња

100 милилитри масло

100 грама кромид

50 милилитри кајмак

1 лажица дафинка

1 главица лук

300 грама јунешко мелено

Подготовка:

Кромидот и феферонките измешајте ги со месото, додадете лук, црн пипер, зачинска сол, и сол па сè измесете во хомогена смеса. Од подготвената смеса обликувајте плескавици дебели 1 см. Печете ги на скара или пржете во тефлонско тавче на малку масло. На испечените плескавици, додека се уште топли, ставете по една лажица кајмак и веднаш послужете.
Месото е убаво измесено кога ќе се одвојува од рацете.