Орден за заслуги за Македонија за НУ Драмски театар – Скопје

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го додели признанието „Орден за заслуги за Македонија“ на Националната установа Драмски театар – Скопје.

НУ Драмски театар – Скопје се одликува со „Орден за заслуги за Македонија“ по повод 70 години од неговото основање, а особено за успешното презентирање, промовирање и негување на македонското и светското драмско творештво, со што исклучително придонесе за збогатувањето на македонската култура и за афирмацијата на Република Македонија во светот.