Општина Карпош почна со расчистување и поставување заштитна ограда на повеќе локации

Општина Карпош почна со расчистување и поставување заштитна ограда на повеќе локации на мини депонии на територијата на општината.

Како што информираат од општина Карпош, прва за расчистување е локацијата на улица „Софиска“ во населбата Тафталиџе 2, на местото на кое се наоѓа руинираниот објект на поранешна „Славија“.

Во следните денови работниците за одржување на јавната хигиена кои ги ангажира општина Карпош ќе продолжат со расчистување и на други локации.