Општина Ѓорче Петров почна со крпење на ударните дупки

Општина Ѓорче Петров почна со крпење на ударните дупки и прекопи на улиците и булеварите на своја територија.

– Ќе бидат санирани сите ударни дупки кои се увидени по направената инспекција од страна на инспекторите од Секторот за урбанизам, но и по пријави на граѓаните кои писмено интервенирале во општината. Со планот за работа опфатени се повеќе од педесетина улици каде е неопходна санација, соопшти општина Ѓорче Петров.

Крпењето на ударните дупки ќе трае до крајот на овој месец. Изведувач на работите е градежната фирма „Битем“ од Скопје, а за оваа намена одвоени се два милиони денари од општинскиот буџет.