Општина Центар: Транспаренo, буџетот го пишуваме со граѓаните

Општина Центар објави дека со буџетот за општината ќе бидат запознаени граѓаните, кои ќе можат да придонесат со свои забелешки и предлози пред носење на финалната фаза.

„Граѓаните ги избираат градоначалниците и советниците и ја плаќаат општинската администрација. Затоа тие мора да знаат како и на што се трошат буџетските пари, велат од Општина Центар. Како што вети градоначалникот Саша Богдановиќ, буџетот ќе го носи транспарентно и во соработка со граѓаните“, велат од Општината.

Додаваат дека на првата фаза од носење на буџетот се одржаа два форума на која жителите на општината и НВО дискутираа за потребите и гласаа за приоритетите во 2018 година, а в понеделник, на седница на Совет ќе се расправа и гласа за Нацрт буџетот за 2018 година.

На својата веб страна општината ги објави Нацрт-програмите за работа на општина Центар за 2018-та година и ги повика граѓаните за сите забелешки да се обратат на info@centar.gov.mkgradonacalnik@centar.gov.mkckaterina1958@gmail.com;