Општина Центар ја реконструира атмосферската и фекалната канализација во „ОУ 11-ти Октомври“

Општина Центар започна со комплетна промена на целата атмосферска и фекална канализација во Основното училиште “11-ти Октомври“, информираат од општината и додаваат дека се работи за проблем кој датира од 50-тите години на минатиот век, кога било изградено училиштето.

„Фекалната канализација и атмосферските води се враќаа назад во санитариите. Со реконструкцијата ќе се пренасочат фекалните и атмосферски води во главната атмосферска канализација. Со тоа ќе се задоволат критериумите за хигиена и безбедност, лесно одржување, трајност и отпорност на вградените материјали“, информираат од Општина Центар.

Појаснуваат дека атмосферската канализација ќе биде во должина од 90 метри, а фекалната во должина од 85 метри. Зафатот општина Центар ќе го заврши за десетина дена.