Општина Бутел во плус на општинската сметка за 2017

На седмата седница на Советот на Општина Бутел експресно беа усвоени предвидените пет точки од дневниот ред.

Годишниот извештај со петте потточки за работењето на општината во минатата 2017 е позитивен.

Според бројките од завршната сметка на Општина Бутел вкупните приходи за минатата година изнесувеле 382 244 698 ден. а вкупните расходи се во висина од 358.072 409 денари што значи дека во општинската каса останале околу 24 милиони денари.