Општина Бутел ја почна изградбата на тротоар на патот Радишани-Побожје

Општина Бутел ја почна изградбата на тротоар на патот Радишани-Побожје, во непосредна близина на селските гробишта.

Тротоарот, во должина од 500 метри и ширина од 1,2 до 2 метри во зависност од просторните услови, ќе биде изграден од бекатон плочки и обрабен со нови рабници.

- Изградбата на тротоарот е од исклучителна важност за граѓаните што живеат на овој потег, но и за сите граѓани на Радишани кои ги посетуваат гробиштата, особено за време на верските празници, информира општина Бутел.

Овој проект ќе чини над 1,6 милиони денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Бутел. Изведувач на градежните работи е фирмата "Ју-Бај" од Скопје.