Општина Аеродром издвојува 8 милиони денари за нови дрвја

Во соработка со Град Скопје и ЈП Паркови и зеленило општина Аеродром изготвува план за обновување на блоковското зеленило на целата територија на општината, којшто отсега ќе се адаптира годишно и ќе нуди насоки за редовно дополнување на зеленилото.

-Оваа година имаме предвидено 8 милиони денари за набавка на нови садници и дополнителни средства за изградба на нови паркови и одржување на зелените површини. Изготвениот нацрт-план отсега ќе се адаптира годишно и ќе нуди насоки за редовно дополнување на зеленилото на целата територија на Општина Аеродром, за што локалната самоуправа секоја година ќе издвојува средства од сопствениот Буџет. Оваа година имаме издвоено 8 милиони денари за набавка на нови садници и дополнителни средства за изградба на нови паркови и одржување на зелените површини.велат од општина Аеродром.