ОПРЕДЕЛЕНИ ЛОКАЦИИ: Град Скопје обезбеди услови за бесплатно истакнување на изборни плакати

Согласно законската обврска и Одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување на изборни плакати во Градот Скопје (“Сл.гласник на Град Скопје” бр.6/06), Градот Скопје поставува паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации.

За добивање право на користење место за истакнување изборни плакати на наведените паноа, организаторите на изборната кампањатреба да достават  барање до администрација на Град Скопје – Сектор за комунални работи, најдоцна до денот определен за почеток на изборната кампања – 25 септември 2017 година до 10 часот.

Редоследот на истакнување на изборни плакати се определува со ждрепка, посебно за секој подносител.

Ждребањето ќе се изврши на 25 септември 2017 година во 11 часот, во Град Скопје – Сектор за комунални работи, (Бул.Илинден бр.82 – барака 11).

ПРЕГЛЕД НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА ПАНОА

ОПШТИНА АЕРОДРОМ

Бул “К.Ј.Питу” (ТЦ Скопјанка)

Бул. “Јане Сандански” (ТЦ Бисер)

Бул. “В.С.Бато” (Пошта Ново Лисиче)

Бул. “3-та Македонска бригада” (Раде Кончар)

Бул. “АСНОМ” (спорткса сала Јане Сандански)

ОПШТИНА БУТЕЛ

Ул. “Босна и Херцеговина” (крстосница со Александар Урдаревски)

Бул. “Христијан Т. Карпош” (Кино Бутел)

“2-ра Македонска бригада” (ТЦ Треска)

ул. “Радишанска” (локален центар во населба Радишани)

ул. “Александар Урдаревски” (крстосница со улицаца кон рудникот Бањани)

ул. “Радишанска” (кај расадникот на ЈП „Паркови и зеленило“)

ОПШТИНА ГАЗИ БАБА

Бул. “Александар Македонски” (пред спортската сала во населбата Автокоманда)

Бул. “Александар Македонски” (кај фабриката Алкалоид)

ул. “Благоја Стефковски” (крстосница со ул.846)

ул. “Париска Комуна”- нас.”Хиподром” (последна автобуска станица број 50)

ул. “Маџари” нас. “М.А. Ченто” (кај пазарот)

ул. “М.А. Ченто” (крстосница со ул. Маџари)

ул. “М.А. Ченто” (последна автобуска станица број 45)

ул. “Радован Ковачевиќ” (локален центар до ОУ „25 Мај“)

ул. “Радован Ковачевиќ” (локален центар „Економија“)

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ул. “Ѓорче Петров” (Жито Маркет – кај поранешен Баумаркет)

ул. “Ѓорче Петров” (Локален центар)

ул. “Лука Геров” – нас.Даме Груев (кај автобуското стојалиште)

ул. “4-ти Јули” (кај Пазарот Ѓорче Петров)

ОПШТИНА КАРПОШ

ул. “Ангел Динев” (кино Влае)

Бул. “Партизански Одреди” (пред ТЦ Лептокарија)

ул. “Рузвелтова” – “Орце Николов” (раскрсница)

ул. “Московска” (пазар Тафталиџе)

Бул. “Митрополит Т. Гологанов” (кај Млечен ресторан)

ул. “Козле” – Нерези (последна автобуска станица број 57)

ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА

ул. “Антон Попов” (кај локален центар „Шампионче“)

ул. “Христо Татарчев” (кај автобуско стојалиште)

Стара рампа

Ул. “Борис Трајковски” (крстосница со булевар”Србија”)

Нас. Драчево (локален центар)

С.Драчево (кај црква)

С.Драчево (кај црквата)

ОПШТИНА САРАЈ

Сарај (пред црквата „Света Злата Мегленска“)

Сарај (последна автобуска станица број 12)

ОПШТИНА ЦЕНТАР

Бул. “Илинден” – Градски Парк (кај фонтана „Лотусов цвет“)

Бул. “Партизански одреди” (пред Универзална сала)

Ул. “Народен фронт” (ТЦ Беверли Хилс)

Ул. “Македонија” (пред дом на АРМ)

Влез во ГТЦ”

Ул. “11 Октомври” (спроти ГОБ, спомен чешма)

Бул. “Кочо Рацин” (кај Олимписки базен)

Бул” К.Ј. Питу” (кај Комплекс банки)

ОПШТИНА ЧАИР

Бул. “Крсте Мисирков”(Бит пазар)

Бул. “Гоце Делчев” (плато Мавровка)

Бул. “Цветан Димов” (Чаирчанка)

Ул. “Кемал Сејфула” (кај стадионот „Чаир“)

Ул. “Џон Кенеди” (крстосница со улица “Македонско косовска бригада”)

ОПШТИНА ШУТО ОРИЗАРИ

Шуто Оризари (кај пазарот)

Шуто Оризари (пред објектот на Општината).