„Опиноците од Ајро“

Ретко кој го почитува урбаното колективно живеење. Ако порано се знаеше дека строго е забрането да се паркира во парковите и тревниците тоа сега е сосема нормална појава.

Аеродром конкретно се смета за една од најурбанизираните општини и место каде се гледаше примерот на урбаното живеење. 
Дали и сега е така?

Доволно е да погледнеме околу зградите и да се увериме во промените кои дојдоа. 
Парковите станаа паркиралишта. Тревниците речиси и ги нема. Секој паркира што поблиску до влезот на објактот. Ретко кој се грижи за зелените површини а лошо стоиме и со хигиената.

Полицијата и останатите надлежни институции го толерираат ова безредие, што додатно ги револтира граѓаните со свест и совест.

Фотографиите се од утрово и се споделени од наш сограѓанин под наслов „Опиноците од Ајро“