ООУ „Лазо Ангеловски“ партнер во два проекта на Еразмус+

ООУ „Лазо Ангеловски“ ќе биде партнер во два проекта на Еразмус+ во периодот од 2019 до 2021 година.

Првиот проект Еразмус+ КА229 е насловен „Млади новинари денес – одговорни дигитални граѓани утре“, во кој координатор е училиште од хрватскиот град Ореховец, а партнери во овој проект, покрај ОУ „Лазо Ангеловски“, се и училишта од романскиот град Александрија, српскиот град Чичевац, како и од Сиудад Реал, Шпанија.

– Главната цел на овој проект е развивање на медиумската писменост на учениците и наставниците на продуктивен начин преку објавување дигитален училиштен весник и креирање работилници за медиумска писменост – велат од општина Аеродром.

Вториот проект Еразмус+ КА229 е под наслов „Креативни читатели“ чиј координатор е училиште од Липовљани, Хрватска, а партнери се училишта од Опава, Чешка, од Грција, како и од Салдус, Латвија.