Оние кои те повредиле го направиле тоа затоа што не знаеле поинаку...

Помирете се оние кои ве повредиле. Луѓето кои ве повредиле го направиле тоа затоа што се сеќаваат на своите животи во кои владееле болка и пореди. Самите не можат да се соочат со сопствената лутина и фрустрација и често ја префрлаат на другите.

Не мразете никого. Не бидете лути на никого. Не ја задржувајте лутината или омразата во себе. Ако во срцето ги носите тие чувства за кој било човек, отфрлете ги тие чувства и заменете ги со прошка.

Тажно е кога ќе видите луѓе кои дома се враќаат полни со горчина, лутина или омраза. Не само што тие чувства ги спречуваат во будењето во нашиот свет, туку и ги спречуваат во разсвојот.

Оние кои нѐ повредиле го направиле тоа затоа што не знаеле поинаку. Често се лути на себе, но имаат потреба да ја изразат таа лутина во присуство на други луѓе. Сакаат другите да трпат поради нивните проблеми. Болката, обвинувањето, омразата, лутината и другите чувства на кои сте изложени можат да бидат многу длабоки и болни, но не ги задржувајте во себе. Простете им на тие луѓе и оддалечете се.

Учете од своите ускуства, не внесувајќи негативна енергија и по некое време ќе почувствувате исцелувања. Оддалечувајќи се од тој проблем, со време ќе видите дека ќе ја промените вашата енергија. Побарајте мир во вашето срце и кога ќе го направите тоа, вашата душа ќе се подигне на повиоко ниво. Знајте дека лутината, омразата и другите негативни чувства се само енергија која излегла од контрола. Кога простувате во вашето срце, тогаш и светот може да започне со простување на глобално ниво.

Имајте љубов за сите ваши браќа и сестри на Земјата. Не се прашувајте зошто ве повредиле, туку прашувајте се што морате да научите од тоа искуство и со тек на време ќе знаете што е тоа. Кога сте исполнети со лутина, омраза и фрустрација, тогаш не можете да видите ништо друго. Еднаш кога ќе се ослободите од тие чувства, тогаш поинаку ќе гледате на светот и ќе ја пронајдете смислата на животот.