„One Day Fest": Голема пена забава и 10 диџеи во Скопје

Модерната сензација во Скопје продолжува по вторпат. „One Day Fest“ оваa година ќе се одржи на 10 јуни, локација- Градска плажа кај Градски Парк Скопје.


На „One Day Fest“ се очекува најголемата пена забава во градот проследена со 10 диџеја и уште многу изненадувања на нивните настапи.

Настапуваат:

• DJ Toni Zen
• DJ Boogeyman
• DJ Silence
• DJ Sky Walker
• DJ Tina
*Изненадување 1 
*Изненадување 2
Бенд :
• Chill Play 

Најавено е и големо баскер шоу со учество на баскер изведувачи од целиот свет, а во склоп на фестивалот ќе има и базар со рачни изработки. Забавата ќе биде целодневна и ќе трае до доцните ноќни часови. 

Картите се веќе во продажба и може да се купат на повеќе продажни места по симболична цена од 150 денари.