Она што не го кажуваме на глас нѐ претвора во робови на сопствените чувства и мисли!

Кога некој би ве прашал дали можете да наведете што е тоа што е обвиено во мистерија, скриено од љубопитни погледи на другите, што би одговориле?

Нашиот ум и нашето срце. Две станици на животниот пат, скриени длабоко во нас, две подеднакво важни работи за нашиот духовен раст. Преполни сме со тајни, преполни сме со неоткриени вистини, убавини и стравови.

Понекогаш, толку многу бегаме од смите себеси, па ни самите не можеме да ги препознаеме сите наши бои, болки и несреќи. Понекогаш сме си непознати самите на себе и забораваме дека клучот лежи во нас. Забораваме да погледнеме под површината, затоа што се плашиме што ќе пронајдеме таму. Постојано одложуваме да се соочиме со себеси, мислиме дека не е важно, дека не е итно тоа. А бавно умираме во себе, иако сѐ во нас нѐ предупредува дека одиме по погрешен пат и дека треба да застанеме. Премногу сме оддалечени од себеси, од своето ЈАС.

Секој од нас има нешто за кое никогаш не зборува, одредени емоционални товари и крвави солзи. Она што ни го обележало патот, нѐ натерало да побегнеме од себеси за години подоцна безуспешно да се бараме себеси. А сме се барале секаде, само на онаму каде што треба. Требаше прво да ја спознаеме нашата болка за полесно да дишиме и да го тргнеме товарот со кој одиме низ животот. И се уморуваме од тој товар, секојдневно чекориме под маски и се преправаме дека сме добро, а не сме. Зошто се преправаме, за кого и за што? За да работите бидат добри и позитивни, мора да пројдеме и низ тажни лекции. Мораме да ги срушиме сопствените светови за да изградиме нешто сосема ново.

Во ред е понекогаш да не бидеме во ред, тоа е дел од нашиот развој. Но, дури и во неволјите може да се најде трошка надеж која ни носи светлина во животот. И мораме да веруваме дека сѐ се случува со одредена причина, за да научиме одредени лекции. Но, нема да ги научиме со бегање од себеси и одбивање да се запознаеме себеси. Не можеме да пливаме со камења, тие само ќе нѐ повлечат кон дното. А за да бидеме слободни треба да сфатиме дека слободата е одговорност која доаѓа од некаква болка и лекции. Без тоа, светот би бил премногу едноставен за живеење, душата не би растела.

Мораме да го пројдеме и црното и белото за да дојдеме онаму каде што ни е местото. Да бидеме одговорни за она што сме, за она што мислиме, правиме и чувствуваме. Тоа е работа која бара долготрајна работа на себе. И трудете се да работите на себеси, да се решите да го изговорите она за коешто не зборувате, она од кое бегате и се плашите. Чекор по чекор, ден по ден, како нова шанса за соочување и помагање на самите себеси. Кога ќе почнете повторно да се почитувате и сакате себеси, ќе знаете дека сте исцелени.

Сите претходни болки сте ги претвориле во победи и инспирација, гледајќи ги како нешто неопходно за развој. Тогаш цврсто ќе стоите на земја и ќе бидете подготвени за сѐ. Ослободете се од заробените товари, такашто храбро ќе им погледнете во очи и ќе извлечете поука од сѐ што ве рушело. Она што некогаш ве рушело, истовремено ве градело за да бидете она што сте денес.