Она што е малку за тебе, за некого е многу...

Тој оброк кој го јадеш можеби ти се чини дека не е нешто посебно, но некој би дал сѐ за да вкуси барем еден залак. 

Тоа тело кое го имаш можеби не е совршено по твоја мерка, но те служи и е здраво, за разлика од многумина кој го немаат тој луксуз. 

Тој дом кој го имаш можеби не е како од списанијата, но некој сонува да го има твојот дом додека спие под отворено небо.

Тој живот кој го имаш можеби не е баш животот од соништата, но сигурно некој би се менувал со тебе во секој момент.

Она што за тебе е малку, за некого е неизмерно многу. 

Можеби ти не ја ни забележа насмевката која пред малку ја подари некому, но за таа личност можеби тоа е единствената убава работа во цел ден.

Можеби тој убав збор или комплимент е нешто сосема едноставно, но за некого е поддршка која во тој момент многу му значи. 

Секогаш можеш да дадеш нешто. Да ја задржиш вратата, да му донесеш кафе на уморниот колега, да ѝ помогнеш на сосетката со торбите од пазар. 

Сѐ тоа можеби е малку, но всушност е многу. 

И колку повеќе даваш, толку си побогат. Добрината е нешто што никој не може да ти го одземе, нешто што не може да се мери со ништо на светот. А може да донесе толку убави работи. 

И никогаш не знаеш што може да се роди од сето тоа, никогаш не знаеш како еден мал гест може да промени нечиј живот. Да го разубави, збогати, направи посреќен...

Затоа давај го и тоа малку, затоа што за некого е навистина многу.