Омиленото место на скопјани за прошетка, некогаш (ГАЛЕРИЈА)

Градски парк — јавен парк во Скопје и најголемиот градски парк во земјата. Почнал да се формира некаде во XIX век.

Културата на уредување на градини и одгледување цвеќе кај Македонците е стара колку и нивното постоење, но зелени површини од јавен карактер во Скопје се јавуват дури кон крајот на XIX и почетокот на XX век, од кога и датираат првите податоци за градскиот парк.

Паркот е изграден за време на скопскиот валија Хафиз Мехмед-паша (турски: Hafiz Mehmed Paşa), веднаш по изградбата на занаечиското училиште „Ислахане“, во негова непосредна близина. Почетната зелена површина зафаќала простор од околу 16.000 м². Дел од оваа прва локација на Паркот постои и денес, тоа е делот околу ресторанот Кермес.

Денешна површина која го зазема Градскиот парк е 486,000 м², и се простира помеѓу улицата Ленинова од исток, Булевар „Октомвриска Револуција“ од запад, реката Вардар од север и Булевар „Илинден“ од југ.