Оливер Спасовски: Полицискиот час се укинува, почнуваат да работат угостителските објекти

Според анализите и препораките на Комисијата за заразни болести Владата донесе одлуки со кои што престанува важењето на повеќе рестриктивни мерки. Ова на денешната прес конференција го соопшти претседателот на владата, Оливер Спасовски.

Од утре целосно престанува одлуката за забрана за движење на територијата на целата држава, а од четврток започнуваат со работа терасите на угостителските објекти.  Работата во затворените објекти ќе се регулира во следниот период.

Од почетокот на јуни престанува да важат одлуките со кои одредени категории се ослободени од своите работни позиции.

Спасовски информираше дека државниот карантин за лицата кои влегуваат во нашата држава и доколку лицата приложат тест со кои се потврдува дека се негативни на коронавирусот.