Ограбено казино во Центар, крадецот заминал со плен од 812.000 денари

На 22.01.2018 година во 23.10 часот во Единицата за информаци и команда Скопје било пријавено дека во казино на ул. „Наум  Наумовски Борче“ непознат сторител извршил тешка кражба од сеф од каде одзел околу 812.000 денари.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.